26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи. Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 17 часот.

Лицата ангажирани во изборната администрација, други мониторинг мисии, функционери и активисти на политички партии и кандидати – немаат право на учество на повикот на ЦИВИЛ.

Набрзо по селекцијата на набљудувачи, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите кои ќе се одржат на почетокот на октомври. Обуките се задолжителни за сите избрани набљудувачи, без оглед на тоа дали биле набљудувачи на ЦИВИЛ и во некој од претходните изборни циклуси. На обуките ќе бидат потпишан договор за ангажман со коj набљудувачите се обврзуваат да бидат непристрасни и објективни.

Долгорочните изборни набљудувачи на ЦИВИЛ се ангажираат во период од шест недели и имаат работни задачи што се однесуваат на целата изборна единица што им е доделена. На денот на гласање тие ги координираат активностите и на краткорочните набљудувачи во нивната изборна единица.

Краткорочните набљудувачи се ангажираат на денот на гласањето во првиот круг и – таму каде што е потребно – во вториот круг на локалните избори.

Изборните набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни, односно секој набљудувач има обврска да покрие повеќе избирачки места.

ЦИВИЛ спроведува изборен мониторинг од 2008 година и изработува детални извештаи, анализи и препораки за време и по завршувањето на изборниот процес.

ЦИВИЛ е препознаен и меѓународно познат како една од водечките организации во земјата за независно набљудување на изборите и заштита на демократските процеси.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Можеби ќе ве интересира

Возач од Кавадарци управувал возило со 2,01 промили алкохол во крвта, лишен е од слобода и ќе му биде поднесена соодветна пријава

ДЕСК

Приведено лице во Дебар поради предизвикување пожар, следува пријава

ДЕСК

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

C +