26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Заедно со граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прави програмите за локалните избори, кампања „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Многу пати до сега, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека го слуша гласот на народот, нивните идеи и предлози ги преточува во реализирани проекти.

Така и сега, во пресрет на локалните избори кога ВМРО-ДПМНЕ е во процес на подготовка на изборните програми за градоначалниците ширум државата, истите ќе ги прави заедно со граѓаните.

Од среда, 27 август започнува седумдневна теренска акција „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“, која ќе трае до среда 3 септември. Од граѓаните ќе се собираат идеи и предлози за проекти, кои ќе бидат опфатени во програмите на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Акцијата ќе се одвива во сите општини, во временски период од 17 до 21 часот, каде што на плоштадите или прометните локации во истите ќе бидат поставени штандови каде граѓаните на посебен формулар ќе имаат можност да ја напишат идејата која сакаат да ја видат реализирана како проект од идните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

Во истиот овој временски интервал ќе бидат отворени и сите штабови низ државата, каде членовите на партијата и граѓаните, исто така, ќе може да ја дадат својата идеја или предлог за проект.

Освен директниот и непосреден начин, граѓаните ќе имаат можност, своите идеи и предлози за проекти, да ги поднесуваат и по електронски пат, на адресата: vistinskataidejazavashataopshtina@vmro-dpmne.org.mk.

За анализата и преточувањето на идеите и предлозите во изборни проекти, ќе биде задолжен тим од ангажирани експерти, професори, истакнати личности од скоро сите струки, како и политичари од партијата со долгогодишно искуство.

Задача и обврска на овие експерти ќе биде, потребите на граѓаните да ги преточат во конкретни проекти, со финансиска рамка и рок на реализација.

Нашите очекувања се масовен одзив на граѓаните, се со цел што е можно подетални и содржајни програми со проекти кои извираат директно од нив, нивните потреби и кои ги решаваат нивните проблеми.

ВМРО-ДПМНЕ со народот, ги слуша неговите забелешки, потреби и идеи.

Можеби ќе ве интересира

Возач од Кавадарци управувал возило со 2,01 промили алкохол во крвта, лишен е од слобода и ќе му биде поднесена соодветна пријава

ДЕСК

Приведено лице во Дебар поради предизвикување пожар, следува пријава

ДЕСК

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

C +