Centar.mk
фото илустрација/АИ
-МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Кичево – Гостивар, има повредени

На 25.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на тајмишка раскрсница патничко возило „фолксваген венто“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од лице(54) од Кичево излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека неговите сопатнички на возраст од 53 и 76 г., двете од Кичево, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК