26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Орце молчи за дивоградбите, гледаме нова Арсовска под диктат на Мицкоски

Прес конференицја, Јовица Јанковиќ – СДСМ:

Додека Скопје се гуши во урбанистички хаос, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, молчи за дивоградбите во Чаир.

Наместо да се огради од постапките на своите коалициски партнери и да побара отој гордро парадираше со оние што го создадоа проблемот.

Над 150 незаконски дивоградби, криминал тежок над 220 милиони евра, узурпиран простор, маала претворени во бетонски џунгли и загрозена безбедност.

Тоа е резултатот на политиките на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ што денес Орце ги одобрува.

Зошто Орце воопшто не нуди решение за проблемот со дивоградбите? Дали поради бизнис интересите на власта? Таа ли улога Мицкоски му ја додели на Орце овој пат?

Дивоградбите не се само локална приказна, со ВМРО-ДПМНЕ урбаното дивеење стана тажно скопско секојдневие. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ владее со градот ова се случува, го претвораат во свој партиски вилает за да ги спроведуваат бизнис агендите.

Со Орце скопјани можат да очекуваат само нови разочарувања, уште поголем хаос, нови бизнис-договори на грбот на граѓаните. Наместо решенија дивоградбите ќе продолжат, никој нема да одговара и наместо развој на Скопје ќе гледаме партиски диктат за богатење на поединци.

На скопјани им треба вистински градоначалник кој ќе се бори со урбаната мафија, а не кој ќе ја штити. На Скопје не му треба нова Арсовска, под диктат на Мицкоски.

Скопје заслужува повеќе.

Можеби ќе ве интересира

Возач од Кавадарци управувал возило со 2,01 промили алкохол во крвта, лишен е од слобода и ќе му биде поднесена соодветна пријава

ДЕСК

Приведено лице во Дебар поради предизвикување пожар, следува пријава

ДЕСК

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

C +