Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Патник со мерка „апси“ поминал без контрола – Внатрешна контрола поднесе пријава за осомничениот полицаец

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против С.С. поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

Пријавениот, на работно место „полицаец“ во ПС за ГП „Меѓународен аеродром Скопје“, на 12.08.2025 несовесно постапил при вршење на своите овластувања и должности односно не извршил пасошка контрола на патник кој минувал на СТОП листата на МВР со мерка „апси“ при влез во државата.

Со ваквото дејствие полицискиот службеник му овозможил на патникот да оствари влез преку државната граница, го ставил во поволна состојба, му овозможил лична корист и нанел штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК