26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Народот денес е побогат од времето на СДСМ, тврди ВМРО ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ во реакција на фејсбук статусот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека народот денес е побогат од времето на СДС. Единствена разлика е што нема милиони за него и Заев од државниот буџет.

– Бројките се секогаш тврдоглави, а тие го говорат следното:

Растот на просечната нето-плата во период од последната година кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт е 10.3%, за разлика од периодот кога СДС беше на власт, кога просечната плата порасна за 8.3%.

Уште поголем удар за СДС е фактот што реалниот пораст на просечната плата во период на ВМРО-ДПМНЕ е двојно поголем од периодот на СДС. Имено порастот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ е 6.7%, за разлика од 3.5% во време на СДС. Тоа значи дека стандардот на граѓаните сега, е поголем од времето кога СДС беше власт, велат од ВМРО ДПМНЕ.

– Кога сме кај инфлацијата, и таму бројките се лоши за СДС. Имено во време на СДС инфлацијата во просек изнесувала 4.8%, за разлика од сега кога во просек е 3.6%.

СДС и Филипче може да лажат колку сакаат, но едно не можат да сменат, а тоа е реалноста, додадоа од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

До петок сончево, од сабота невреме – Метеоцентар со четиридневна прогноза

ДЕСК

Владата преку Министерството за транспорт продолжува со силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија

ДЕСК

ДУИ: Грешките на ВМРО ја поткопуваат перспективата на државата, ДУИ нуди ветинг со меѓународен мониторинг

ДЕСК