26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Мицкоски се фали со бројки, граѓаните со празни џебови едвај го преживуваат месецот

Мицкоски се фали со бројки и проценти, но реалноста е дека граѓаните живеат со празни џебови, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во објава на фејсбук. Тој посочува дека изјавите на прмиерот Мицкоски се само ПР-трикови далеку од секојдневната реалност на граѓаните.

„Мицкоски се фали со бројки и проценти, но реалноста е дека граѓаните живеат со празни џебови. Реалната плата, онаа што навистина значи нешто за секое семејство, во јуни порасна само 3,8%. Лани, со економските политики на СДСМ, растот беше 11%“, пишува Филипче.

Тој нагласува дека за прв пат по долго време е регистриран пад на просечната плата во споредба со претходниот месец – факт кој, како што вели, е доволен аларм за сериозноста на економската криза во земјата.

„Синдикалната потрошувачка кошничка за август изнесува над 65.000 денари. Дури и две минимални плати не се доволни за да се преживее месецот. Македонија се претвора во земја на сиромаштија и неизвесност“, вели Филипче.

Во објавата, Филипче подвлекува дека СДСМ има јасен пплан и предлози за справување со инфлацијата и подобрување на животниот стандард.

„СДСМ знае како да ја врати стабилноста и достоинството на граѓаните. Нема да отстапиме од предлозите за покачување на платите во сите сектори, зголемување на минималната плата на 500 евра, намалување на цените преку укинување на ДДВ за основните прехранбени производи. Битката за поголем приход е битка за достоинствен живот“, порачува Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Возач од Кавадарци управувал возило со 2,01 промили алкохол во крвта, лишен е од слобода и ќе му биде поднесена соодветна пријава

ДЕСК

Приведено лице во Дебар поради предизвикување пожар, следува пријава

ДЕСК

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

C +