26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

Соопштение на ДОМ:

Зелената партија ДОМ остро реагира на одлуката на Министерството за животна средина да не ја стави реката Дошница под привремена заштита, иако врз нејзиниот слив се планира изградба на две мали хидроцентрали кои ќе ја доведат клисурата до еколошки колапс. ДОМ ја оценува оваа институционална пасивност како политичка одлука за самоуништување на природните богатства и суров удар врз иднината на нашите граѓани и граѓанки.

Министерството ги прикрива своите намери зад изговори дека „предлогот не е формално доставен“. Ова е безобразно игнорирање на алармот што дојде од
експерти, биолози и невладини организации уште пред еден месец, кога побараа мораториум се’ додека не се заврши Студијата за валоризација на природните вредности. Сезонското пресушување на реката Дошница и најавеното дополнително исушување се директна последица од оваа неодговорност.
Веднаш да се воведе мораториум на сите активности поврзани со концесијата, да се затвори пристапот до локациите и да се прогласи привремена заштита на текот
и околниот предел, во корист на идното заштитено подрачје „Демиркапискаклисура“. Без тоа, ендемичните видови, македонските риби и планинските инсекти се на пат кон неповратна деградација.

Бараме итно изработка и усвојување на елаборат за мониторинг на биолошката
разновидност и еколошкиот проток во Дошница, со јавни дебати и независни
експерти. Министерството да испрати јасна порака до концесионерот: без зелено
светло за заштита, нема ни нови брани.

Зелената партија ДОМ нема да молчи пред ова политичко насилство над
природата. Ако не прекине оваа тенденциозна институционална воздржаност, ќе
покренеме граѓански и правни активности за да ја спасиме Дошница од
катастрофа. Природата не чека, ниту ние ќе го дозволиме нејзиното уништување.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Грешките на ВМРО ја поткопуваат перспективата на државата, ДУИ нуди ветинг со меѓународен мониторинг

ДЕСК

Тежок инцидент во затворот Идризово – млад осуденик нападнал затворски полицаец

ДЕСК

Бујар Османи: Пред наши очи се одвива стратешкото поместување од ЕУ кон Белград и Москва

ДЕСК