26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Бујар Османи: Пред наши очи се одвива стратешкото поместување од ЕУ кон Белград и Москва

– Не е случајно што дебатата за темата за ЕУ исчезна од јавниот дискурс. Јас сметам дека тоа е намера. Тоа е стратегија. Зошто? Затоа што ако влезете во поглавјата на ЕУ, ќе дојдат сите механизми за мониторинг. Ќе ви ја контролираат работата на реформите. Ќе ја контролираат работата со финансиските средства, јавните набавки. А овие не сакаат контрола од ЕУ. Тие сакаат авторитарна контрола врз системот. ЕУ ќе бара еднаквост на етничките заедници. Овие започнаа процес на демонтажа на Охридскиот договор, на исклучување на Албанците од секоја сфера на животот, изјави денес Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Скопје.

– И стратешко поместување на земјата кон српскиот и кон рускиот свет. Тоа е политиката на оваа влада. Она што е тажно е соработката на ВЛЕН со таа политика. Значи, пред нашите очи се одвива стратешко поместување од ЕУ кон Белград и Москва, а некој се обидува да го легитимира. Затоа претстојните избори се референдум. Затоа постои впечаток дека се зборува за национални теми. Бидејќи, без ЕУ, како ќе работите со општините? Можете да ветувате милионски проекти, но ако немате фондови од ЕУ, со што ќе ги финансирате тие проекти? Ако луѓето си заминуваат со бугарски пасоши или утре со албански, за кого ги реализирате тие проекти во општините? Затоа ЕУ е и локална тема. Ние нема да престанеме да зборуваме за оваа тема, сè додека не станеме членка на ЕУ, соопшти Османи.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Грешките на ВМРО ја поткопуваат перспективата на државата, ДУИ нуди ветинг со меѓународен мониторинг

ДЕСК

Тежок инцидент во затворот Идризово – млад осуденик нападнал затворски полицаец

ДЕСК

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДЕСК