Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Бујар Османи: Меџити губи со 10% разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

По нападите на коалицијата ВЛЕН, на која беа повторени веќе институционално затворени обвинувања, кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, со јасен став до јавноста:

„Тие ги имаат добиено анкетите, во кои јасно се гледа дека разликата меѓу мене и нивниот кандидат изнесува 10%, и сега се во паника. Затоа се обидуваат да отвораат прашања за кои граѓаните вообичаено нив ги обвинуваат – дека се корумпирани и дека 20 години на најкоруптивен начин ја воделе општината,“ изјави Османи.

Османи потсети дека уште пред да заврши Самитот на ОБСЕ лично ја доставил целата документација до релевантните институции.

„Јас лично ја доставив целата документација во Државната комисија за спречување на корупцијата и во Обвинителството. ДКСК, по неколку недели, излезе со констатација дека нема никакви неправилности. И Јавното обвинителство потврди дека нема неправилности. Ниту имало ревизија на ОБСЕ, туку на Борис Трајковски, и тоа во врска со тоа како тие ја прифатиле опремата,“ појасни Османи.

Во завршницата, Османи подвлече дека неговиот најголем политички капитал останува неговиот кредибилитет: „Ако има нешто по кое јас се разликувам, тоа е фактот дека никој, во целата моја политичка кариера, не може да ме обвини за корупција. Тоа е мојот најголем капитал во политиката, политичкиот интегритет и човечкиот кредибилитет.“ – заклучи Османи.

Можеби ќе ве интересира

Скопјанец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете – Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош

ДЕСК

МИРЕН ВИКЕНД, А ПОТОА НЕВРЕМЕ НОСИ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ЗАСИЛЕН ВЕТЕР И СТУД – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Одбележана „25-годишнината од усвојувањето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1325 за Жени, мир и безбедност

ДЕСК