Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Асфалтирање на улица 540 во Марино, општина Илинден

Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура во општина Илинден.

Во таа насока, извршена е целосна, санација и асфалтирање на улица „540“ во Марино во вкупна должина од околу 250 метри.

Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, асфалтирањето на оваа улица е реализација на едно од барањата на граѓаните во Марино . Во наредниот период ќе се продолжи со реконструкција и санација и на други улици кои се дел од барањата и потребите на граѓаните на општина Илинден во насока на подобрување на секојдневието и подобрување на патната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, а со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден.

Можеби ќе ве интересира

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова со директна поддршка на Горан Герасимовски за втор градоначалнички мандат

ДЕСК

Сите училишта во Карпош имаат фотоволтаични системи

ДЕСК

Д-р Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

ДЕСК