Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ја цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинство и правото да живееме во мир, напиша претседателот на Украина на социјалната мрежа X, покрај честитката од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, по повод Денот на независноста на Украина.

„Искрено ѝ се заблагодарувам на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за нејзините топли честитки по повод Денот на независноста на Украина и за нејзините принципиелни и инспиративни зборови на поддршка. Украина високо ја цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинство и правото да живееме во мир“, напиша Зеленски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВРАЌА ЗИМАТА, ДОЖД И СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +