25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

На 24.08.2025 во 17:58 часот на автопатот Скопје-Тетово, на место викано „Студена вода“, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода лице (31) од с.Долна Лешница, општина Желино. При контрола со радар било констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со брзина од 184 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час.

На 24.08.2025 во 16:22 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај Добарски надпатник, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода лице (25) од с.Студеничани, скопско. При радарска контрола било констатирано дека тој управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 192 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час.

На 24.08.2025 во 15:45 часот на регионален пат во општина Маврово и Ростуше, на место викано „Ростушко Анче“, полициски службеници од ОВР Дебар лишиле од слобода (48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,90 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.
Денеска (25.08.2025) во 01:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода лице (27) од Велес. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,28 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.

На 24.08.2025 во 17:37 часот на патот Битола-Граничен премин Меџитлија, кај с.Кравари, битолско, полициски службеници од СВР Битола при контрола со радар во патниот сообраќај констатирале дека лице(22) од с.Средно Егри, битолско, управувал патничко возило „фоксваген поло” со битолски регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час. Мажот веднаш бил исклучен од сообраќај.

За настаните биле запознаени надлежни јавни обвинители и по нивно целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило”.

Можеби ќе ве интересира

ЗНАЧИТЕЛНИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Температури до 38°C, најавено е и невреме со пороен дожд, грмежи и ветер

ДЕСК

Алиу со директорите на Клиниките за кардиологија и кардиохирургија: Заеднички ги разгледуваме тековните предизвици и можностите за унапредување на условите во дејноста

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска во Загреб- Потпишан Меморандумот за разбирање и соработка насочена кон развој на пазарите на капитал во земјите од Централна и Југоисточна Европа

ДЕСК