25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

(Видео) Вучиќ рече „ќе ги намалиме потрошувачките кредити“, а потоа замолчи и ја смени темата

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера од Палатата на Србија презентираше нов пакет економски мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Мерките, кои тој ги нарече „чудесни“, вклучуваат ограничување на маржите на најголемите малопродажни синџири за 3.000 производи и намалување на каматните стапки на готовинските и потрошувачките кредити.

„Дали знаете што се потрошувачки кредити? Кога ви треба кредит за огревно дрво, за зима итн. Малкумина користат потрошувачки кредити. Но, ние ќе ги намалиме потрошувачките кредити…“, рече Вучиќ, по што замолчи седум секунди.

„Прво ќе зборувам за готовинските кредити бидејќи се подобри и поважни“, рече тој потоа, прекинувајќи ја тишината и менувајќи ја темата.

Вучиќ двапати ги опомена новинарите кои се смееја за време на конференцијата.

„Немам ништо против вас од медиумите ако најдете нешто смешно, но ве молам да покажете основно почитување кон местото каде што се наоѓате“, рече тој.

Дополнително, тој им покажа на камерите корпи со разни производи чии цени треба да бидат пониски. „Ова се силни и значајни мерки што ќе ја зголемат вкупната потрошувачка и ќе им користат на обичните, посиромашни луѓе“, нагласи тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

C +

Референдум на 25 октомври во Република Српска за одлуките против Милорад Додик

C +

Пицула: Србија живее во вонредна состојба, се плашам од 17-та жртва

C +