25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Македонска развојна фондација за претпријатија – МРФП
ПРОМОБИЗНИС

Прв млекомат за свежо манастирско млеко со средства од Европската Унија

Денес, (25ти август, 2025), во центарот на Кичево, официјално беше ставен во употреба првиот млекомат за свежо млеко во Македонија. Жителите на Кичево и околината имаат модерен пристап до свежо кравјо млеко произведено од Земјоделската задруга „Крнино“ составена од членови од Манастирот „Св. Богородица Пречиста“. Млекоматот е обезбеден со средства од Европската Унија преку проектот АгроСмарт, спроведуван од МРФП – Македонската развојна фондација за претпријатија, Хемера и ЦЕП Можности.

„Млекото што се нуди преку млекоматот е свежо, со зачувани природни хранливи својства, без додатоци и конзерванси и во контролирани хигиенски и температурни услови, а освен млеко, потрошувачите имаат можност да си купат и сирење“ – рече Станоја Станојовски од Манастирот Света Богородица Пречиста, која е дел од Земјоделската задруга Крнино.

„Млекоматот е пример како треба да се одвива модернизацијата на македонските фарми и да се осовременува продажбата на локалните земјоделски производи со достапните средства од Европската Унија“ – рече Лазар Неданоски од Македонската развојна фондација за претпријатија, која го спроведува проектот АгроСмарт, финансиран од ЕУ.

На настанот присуствуваше и г-н Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој рече дека модернизацијата на земјоделството е во фокусот и на политиките и програмите на Министерството.

Дел од промоцијата беше и посета на фармата со крави во близина на манастирот Света Богородица Пречиста, каде е инсталирана линија за молзење крави и млекарата за производство на млечни производи.

фото Македонска развојна фондација за претпријатија – МРФП

Можеби ќе ве интересира

По 17 години – нови правила за одобрување возила од 1 септември: Поевтино, побрзо и 1,3 милиони евра назад кај македонски компании

ДЕСК

ССМ со жестоко соопштение: Функционер со 150.000 денари плата или 2.500 евра плата му кажува на работник со 24.397 денари или 400 евра плата како нема да му ја зголеми платата и како добро се живее, веројатно за да не аздиса многу работникот

ДЕСК

ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Зголемување на цените на горивата – падна одлука во РКЕ

ДЕСК