Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за тешкиот инцидент за време на натпреварот меѓу помладите пионери на ФК “Брегалница” и ФК “Шкупи”

На 24.8.2025 во СВР Штип било пријавено дека околу 11:40 часот на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, за време на одигрување на првенствен фудбалски натпревар помеѓу екипи на помлади пионери на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди.

Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош.

Во врска со настанот во СВР Штип, во присуство на родители и претставник на Центар за социјални работи Штип, бил извршен службен разговор и со двајца малолетници од Скопје, фудбалери на екипата на ФК „Шкупи“. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +