Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерот Алиу се сретна со д-р Кедев: Сите кои имаат каква било информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со наводите дека се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници, извести Министерството.

Воедно, министерот Алиу на средбата потсети дека ќе биде испратен допис со кој сите приватни здравствени установи ќе се задолжат од 15 септември да го информираат Министерството, односно Управата за електронско здравство за сите извршени прегледи и интервенции МојТермин.

„Министерството за здравство е отворено за соработка со сите чинители и ги повикуваме сите засегнати страни кои имаат каква било информација за евентуални неправилности во системот, да се обратат веднаш до Министерството. Транспарентноста е еден од главните столбови во работата на Министерството и е од клучно значење за унапредување на процесите во системот“, соопшти МЗ. /Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +