25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Милевски: Виница 4 години назадува, катастрофално владеење на Петков и ВМРО-ДПМНЕ

Прес конференција на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Виница, Гоце Милевски:

Така наречениот отчет на градоначалникот Миле Петков и ДПМНЕ е најдобар доказ за четири години катастрофално и досега невидено лошо владеење на една локална власт во Виница.

Наместо вистински отчет видовме обид за замачкување на очите на јавноста и бегање од одговорност за неисполнетите ветувања.

Затоа таканаречениот отчет беше во скап хотел а не на улиците, во градот и селата во Виница. Затоа што реалноста е разочарувачка.

Ниту еден од капиталните проекти од програмата на Петков и ДПМНЕ за Виница не се реализирани.

– Булевар на влезот во Виница,

– Индустриска зона за мало стопанство,

– Нова автобуска станица,

– Спа центар на Топлички рид,

– Изградба на локалниот пат Трсино – Голак,

– Туристичката викенд населба на Плачковица.

Ништо од ова не е реализирано, заедно со еден куп други ветени а не реализирани проекти.

Но затоа граѓаните на Виница од ДПМНЕ и Петков добија поскапи сметки и полош квалитет на живот:

Зголемен данок на имот за 300%. Сметки за вода повисоки за над 20%. Укинати студентски стипендии. Партиски вработувања, сообраќаен хаос, темни улици и уништено зеленило.

Петков мораше да се фали со наследени проекти од претходната власт на СДСМ и неколку асфалтирани улици, да ги претстави како „историски успех“.

Но фактите говорат: сегашната власт нема реализирано ниту 20 километри улици, наспроти 45 километри изградени во времето на СДСМ.

Виница денес изгледа како мала депонија од не собереното ѓубре и смет, собирен центар за кучиња скитници, со небезбедни кратери од вода и хаос од неправилно паркираните возила, со запуштени зелени површини и ниту едно ново засадено дрво. Тоа сликата за Виница после 4 години неспособна локална власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Да не дозволиме оваа казна да продолжи уште четири години! Локалните избори се шанса за промени во Виница.

Време е за нов почеток и одговорно работење! Време е да се избориме за Виница каква што сите ја заслужуваме!

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

C +

Меџити: Почна акцијата за чистење на депонијата во Никуштак, ќе бидат потрошени пет милиони денари

C +

Утре сончево време, со температура до 34 степени

C +