25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-БИЗНИС

Димитриеска-Кочоска во Загреб- Потпишан Меморандумот за разбирање и соработка насочена кон развој на пазарите на капитал во земјите од Централна и Југоисточна Европа

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска заедно со министрите за финансии и економија на Бугарија, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Словенија денеска во Загреб го потпишаа Меморандумот за разбирање за соработка во развојот на пазарите на капитал.

Оваа иницијатива има за цел поттикнување на заедничкиот развој на националните пазари на капитал на земјите учеснички преку поблиска соработка и усогласување на регулаторните рамки, со крајна цел зголемување на ликвидноста и создавање посилни, повидливи, поефикасни и поконкурентни пазари на капитал.

Со искористување на целиот потенцијал на пазарите на капитал и поширокиот финансиски сектор, земјите учеснички настојуваат да ги зајакнат своите економии и да ја продлабочат соработката.

Потпишувањето на овој Меморандум претставува надоврзување на Меморандумот за разбирање кој беше потпишан кон крајот на 2024 година од страна на берзите во Братислава, Букурешт, Будимпешта, Љубљана, Скопје, Софија, Варшава и Загреб, со цел зајакнување на соработката и интеграцијата на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа, со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која континуирано го поддржува овој процес, односно иницијатива.

Земјите кои денес учествуваа на свеченото потпишување на Меморандумот го потврдија постоењето на заедничка политичка волја и визија насочена кон јакнење, поголема ефикасност и конкурентност на пазарите на капитал во земјите од Централна и Југоисточна Европа.
На тој начин се потврдува определбата за соработка со акцент на развојот на пазарите на капитал и преземање на потребните чекори за јакнење на капацитетите на пазарите на земјите од Централна и Југоисточна Европа за финансирање, поттикнување инвестиции и промовирање на одржлив економски раст.

Меморандумот е исто така усогласен со целите на Европската унија, особено со нејзината Стратегија за унија на штедење и инвестирање, чија цел е насочување на заштедите на домаќинствата и приватниот капитал кон пазарите на капитал за да се поттикнат инвестициите, особено во малите и средни претпријатија, да се подобрат прекуграничните текови на капитал и да се изгради подлабок, поликвиден и поотпорен пазар на капитал во рамките на Европската унија.

Можеби ќе ве интересира

Алиу со директорите на Клиниките за кардиологија и кардиохирургија: Заеднички ги разгледуваме тековните предизвици и можностите за унапредување на условите во дејноста

ДЕСК

Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

ДЕСК

Милевски: Виница 4 години назадува, катастрофално владеење на Петков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК