Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја.

Тој, по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија, Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“.

Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што можат да доведат до вистинскиот мир“.

– Русија од своја страна не покажува намера за мир и продолжува да ги гранатира нашите градови. Сите сигнали што доаѓаат од Москва овие денови ги толкуваме на ист начин. Ни треба притисок за промена на нивниот став, како и состанок на највисоко ниво за да се разговара за сите прашања, посочи Зеленски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ШПАНИЈА ПОД ПРИТИСОК – Машиновозачите стапија во штрајк

ДЕСК

УКРАИНА ПОД НОВИ УДАРИ ДОДЕКА СЕ ПРЕГОВАРА ЗА МИР – Нападната енергетската мрежа

ДЕСК

САНКЦИИТЕ ПРОТИВ РУСИЈА ИМААТ СЛАБИ ТОЧКИ – Европските ревизори открија пропусти

ДЕСК