Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Температурите повторно одат нагоре: Синоптичарите објавија временска прогноза – пеколно жешко и до 37°C

Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.

Прогноза за 26.08.2025
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 26°C до 34°C

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 27.08.2025
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 28°C до 36°C

Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 28.08.2025
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 29°C до 37°C

Претежно сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК