Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Во среда концерт на Јанг Дади во Паркот на Франкофонија

Во среда, 27 август, во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи концерт на еден од најпопуларните македонски млади изведувачи Јанг Дади. Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите скопјани во среда вечер да дојдат на добра музика и забава под отворено небо.

„Летото е најубаво кога го поминуваме заедно. На 27 август во Паркот на Франкофонија ќе уживаме во музика што носи енергија и радост. Настанот ќе почне во 19 часот со Стела и Сани за најмладите, и во 20 часот ќе продолжи со музичарот Јанг Дади, кој ќе ни подари вечер за паметење. Центар е местото каде што граѓаните се чувствуваат поврзани, среќни и исполнети. Во текот на целиот настан ќе има и аниматор кој ќе се погрижи за атмосферата. Забавата ќе биде за сечиј вкус, ајде заеднички да ја направиме вечерта незаборавна. Ве чекам во среда“, вели Герасимовски.

Настанот е бесплатен за сите граѓани и истиот е во рамки на проектот „На одмор сум, во Центар сум“, во организација на Паблишер и Општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК