Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО и ВИДЕО) Светна Телекомуникациската кула веднаш до Милениумскиот крст – повисока е од него, а ќе има и ресторан кој ќе врти 360 степени за 1 час

Телекомуникациската кула на Водно што е во завршна фаза од градбата, а има висина од 155 метри и е дваипол пати повисока од Милениумскиот крст.

Според информациите на врвот на кулата има и ротирачки дел, кој за еден час треба да ротира за 360 степени, каде што најверојатно би бил сместен ресторан како атракција која ќе го покаже Скопје во панорамски и досега невиден изглед за туристите.

Кулата почна да се гради уште во времето на владата на Никола Груевски, во 2013-та година, Идејата на проектот беше да се изгради посебен антенски систем за контрола на радиофрекфенции, но и да биде туристичка атракција.

Во објава на Фејсбук има и неколку видео материјали. Во еден од нив, се гледа тестирање на ротирачката платформа која вртела цел круг за околу еден час.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК