25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ДУИ: ВРЕДИ го брани планот на ВМРО за намалување на бројот на советниците Албанци

Интегрален текст од денешното соопштение на ДУИ:

Ставовите на ВРЕДИ и изјавата на претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, дека намалувањето на бројот на советниците „нема етничка основа“ и дека „општините со мнозинско македонско население изгубиле повеќе советници од општините каде што Албанците се мнозинство“, претставуваат намерен обид за минимизирање и релативизирање на една одлука која е флагрантно дискриминаторска против Албанците.

Јасно е за јавноста дека ВРЕДИ ја игра улогата на омилен партнер на премиерот и неговата моноетничка влада – улога на релативизирање, прикривање, оправдување и минимизирање на секоја антиалбанска политика. Оваа мисија се реализира секојдневно, како дел од систематски план поддржан од олигархиски кругови, со цел слабеење на политичкото и институционалното претставување на Албанците.

Не се ретки случаите кога многу штетни одлуки се прикажуваат од страна на раководството на ВРЕДИ како големи успеси. Потсетуваме на примерот со укинувањето на балансерот, кое од ВРЕДИ беше прогласено за историска победа, а денес сме сведоци на неговите последици: етничко чистење во институциите и отворена дискриминација со загрижувачки размери.

Истата логика се користи и сега. Владата го намали бројот на советници во септември 2024 година, а претставниците на ВРЕДИ во таа седница воопшто не се спротивставија. Денес, истата влада инсистира на оваа противуставна одлука. Со одлуката за намалување на бројот на советници, албанските општини се директно оштетени: само во Гостивар бројот се намалува од 31 на 23, а во Струга, Кичево, Врапчиште, Желино и Теарце се укинуваат по четири советници во секоја општина. Дополнително, дијаспората е исклучена од официјалното пресметување, што уште повеќе го погодува претставувањето и економскиот развој на нашите општини.

Сите овие одлуки се донесени спротивно на Уставот, Законот за локална самоуправа и иако постои одлука на Уставниот суд што го забранува тоа. Обидот на владата за промена на законот пропадна пред три месеци благодарение на Европскиот фронт кој ја блокираше иницијативата со Бадинтеровото мнозинство, но денес, и без измена на законот, овој антиалбански план се реализира со помош на ВРЕДИ, при што дури и ВМРО се претставува како наводна жртва, дека тие наводно се оштетени. Чиста лага, со валкана цел.

ДУИ категорично ја отфрла оваа опасна политика на минимизирање и манипулирање. Ние нема да останеме рамнодушни пред прекршувањето на Уставот, Законот за локална самоуправа и Охридскиот договор – темелите на стабилноста и иднината на државата. Албанците имаат сила и свест да дадат соодветен одговор на референдумот во октомври на овие дискриминаторски политики и на оние кои ги прикриваат. Часот на политичката и правната одговорност се приближува.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО и ВИДЕО) Светна Телекомуникациската кула веднаш до Милениумскиот крст – повисока е од него, а ќе има и ресторан кој ќе врти 360 степени за 1 час

ДЕСК

Температурите повторно одат нагоре: Синоптичарите објавија временска прогноза – пеколно жешко и до 37°C

ДЕСК

Работник – српски државјанин повреден при градежни активности во Гевгелија

ДЕСК