13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Шукова од Карпош: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, заедно со кандидатката за градоначалничка на Општина Карпош, Маја Мојсова, одржаа средба со жителите на скопската населба Карпош, на која што се разговараше за нивните предлози за подобрување на условите за живот во оваа општина, а воедно и за кејот на Вардар во делот на општината Карпош.

Граѓаните реагираа дека овој дел од кејот на Вардар денес е комплетно запуштен, небезбеден и недостоен за жителите, и покрај ветувањата на градската власт во изминатите 4 години дека просторот ќе се уреди.

На средбата, Шукова посочи дека моменталната состојба на оваа локација е резултат на неодговорното владеење и незаинтересираноста на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо простор за одмор, рекреација и дружење, денес кејот покрај Вардар во Карпош е руина и мрак, небезбедно и запуштено место. Директен виновник се четирите години неодговорно и штетно владеење со Скопје на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Шукова пред присутните граѓани.

Притоа, Шукова потсети дека беа ветени 30 милиони денари за уредување и зазеленување на овој простор, но не е реализирано буквално ништо.

„Нема ништо, ниту патеки, ниту клупи, ниту осветлување, ниту парк, ниту спортски содржини. Кејот на Вардар, овде во Карпош, со Маја ќе го уредиме – ќе биде осветлен, безбеден, зелен и функционален“, рече Шукова.

На средбата со граѓаните, Шукова нагласи дека Скопје не смее да биде заложник на бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје може и заслужува поинаку, додаде Шукова.

Можеби ќе ве интересира

Јовановиќ за РАЦИН.МК: Алта банка може да ја наруши финансиската стабилност во земјата, гувернерот да не го одобри преземањето на Стопанска банка Битола

C +

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +