Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Серија прес конференции на СДСМ: 4 години разочарувања, 4 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Под слоганот „4 години разочарувања – 4 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ“, СДСМ започнува серија прес-конференции посветени на катастрофалното владеење во изминатите четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

-Ќе ја прикажеме реалноста којашто граѓаните добро ја знаат: скандали со тендерски шеми, поскапени давачки за граѓаните, неисполнети ветувања, хаос во општините, урбана мафија и корупција.

ВМРО-ДПМНЕ ја претвори локалната самоуправа во сервис за бизнис интересите на партијата и локалните моќници, а граѓаните ги заборави, додаваат од партијата.

Денеска, почнувајќи од 11.00 часот, во седиштето на СДСМ ќе се одржи првиот серијал прес конференции:

Прес конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Битола, Методија Куновски.
Прес конференција на кандидатката за градоначалничка на Прилеп, Петра Лукаровска.
Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Охрид, Асен Шајн.
Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Штип, Павел Иванов
Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Свети Николе, Дејан Гичев.
Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Неготино, Петар Мантев.
Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Куманово Мартин Костовски.

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Комеморацијата заврши со „63 ангели”, песна за згаснатите животи

C +

Сопственик на стан во центарот на Скопје допирал и физички нападнал млада кираџика од Србија

ДЕСК

Брутална и голема тепачка во Скопје: Причината била сообраќајна несреќа, употребени и тврди предмети – тешко утро во главниот град

ДЕСК