Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: 4 години разочарување, Владев и ВМРО-ДПМНЕ оставија хаос, долгови и смрдеа во Свети Николе

Прес конференција на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Свети Николе, Дејан Гичев

Градоначалникот Дејан Владев и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа европски Свети Николе, а за четири години не донесоа ништо освен разочарување, нови долгови, тотално распаѓање и смрдеа.

Денес, Свети Николе е град каков што граѓаните не го заслужуваат, без план, без визија и без развој. Дејан Владев не направи ништо значајно за граѓаните, но затоа остави длабоки финансиски дупки и траги од неработа на секој агол од градот.

Долгот на Општината е над 90 милиони денари. Општиниата должи на Светска банка 53 милиони денари. ЈП Комуналец има загуба од 7 милиони денари, дури и ЈП Погребално – за прв пат во историјата – е во загуба од 1,5 милиони денари.

Ова е скандинавска статистика, со африканско ниво на услуга.

Ништо од она што пред 4 години го ветува ВМРО-ДПМНЕ и Владев не е реализирано. Пречистителната станица не работи. Мирисот на смет и отпад сè почесто се шири конОвчеполието – сведоштво за неспособност и негрижа. Секоја крстосница во градот е со искршен асфалт. Улиците се раскопани, небезбедни изаборавени од Владев. Градскиот парк – место што треба да биде белодробен систем на Свети Николе – денес е симбол на запуштеност. Исушено зеленило, искршени реквизити, ниту едно ново дрво.

Дури и во индустриската зона, каде требаше да се создава економски напредок, асфалтот е веќе уништен, нема одвод и се прават нови штети. Проекти без надзор, без основа, без план. Ниту ветените соблекувални кај Градскиот стадион не се реализирани.

Ова е управувањето со Свети Николе на ВМРО-ДПМНЕ. Четири години – без ниеден крупен реализиран проект. Четири години – лаги, раскопани улици и долгови.Четири години – градот тоне.

Свети Николе заслужува повеќе. Заслужува вода што не мириса, улици што не кршат автомобили, општина без долгови и институции што не пропаѓаат.

На локалните избори, граѓаните ќе го стават крајот на ова недомаќинско и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Владев.

Ќе се избере пат на развој и реални проекти. Ќе се стави крај на „скандинавските“ манипулации со балканска неспособност.

Време е за промени во Свети Николе. Време е за СДСМ да ја врати општината на вистинскиот пат.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии работи интензивно на системски пристап во финансиските истраги- Криминалот повеќе нема да биде исплатлив

ДЕСК