23. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: 4 години разочарувања, неисполнети ветувања и бројни скандали на Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ во Штип

Прес конференција на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип, Павел Иванов:

Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ и Иван Јорданов се четири години разочарувања за штипјани, неисполнети ветувања и бројни корупциски скандали.

Резултатот е поразителен.

Иванов има бројни нереализирани проекти, целата негова изборна програма е мртво слово на хартија!

Обиколница кон Ново Село, градинка во Три Чешми, детски центар, огромен парк со езера, атлетски стадион, пречистителна станица, гасификација, младински центар, дом за стари лица. Сето ова беше ветено од Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ а нереализирано!

Осветлување на Исар, велосипедски патеки, фотоволтаици, нови училишни лаптопи, субвенции за велосипеди, картинг центар, вештачка карпа, управување со отпад,
ветувања кои никогаш не се реализираа.

Булеварот Партизанска е раскопан веќе една година, оставен на срам а штипјани на мака. Типски куќи – подготвен проект со обезбедени средства од времето на СДСМ – заборавен и нереализиран.

Наместо реализирани проекти граѓаните добија повисоки давачки од Јорданов и ДПМНЕ. Водата поскапе за 26%, канализацијата за 16%, собирањето смет за дури 110%, паркингот! Данокот на промет го поскапе ВМРО-ДПМНЕ и данокот на имот исто така.

Додека граѓаните плаќаат повисоки давачки Јорданов покажа недомаќинско и криминално работење, Штип ја тресат скандали и крајно сомнителни зделки.

Таков е примерот со скандалот за крадење на нафта тежок 18 милиони денари за кој нема одговорност никаква!

Скандалот со дивоградбата на секретарката на Јорданов, фонтана, сомнителните пари за кров на Гимназија, уништениот бунарски систем.

Општински пари се трошат за бонуси за блиски до градоначалникот.

Но затоа Јорданов и ДПМНЕ ЈП „Исар“ го претворија во загубар што ќе плаќа 4 милиони месечно 5 години. Каква неодговорност.

Општински имот е раскрчмен и распродаден. Хотеллот Гарнит е продаден по смешна цена, не се знае што се случува со магацините и земјиштето.

Сообраќајниот хаос во Штип кулминира. Улицата Ванчо Прќе е затворена, паркинзите се недостапни. Единствениот семафор во Сењак не работи една година, а Денот на пожарникарите – не беше одбележан првпат по 40 години.

Но затоа партиските вработувања се случуваат на големо: сопругата на градоначалникот и братот на партискиот портпарол се вработени по партиски клуч во Клиничката болница.

За младите нема ништо, младите се тотално заборавени од Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани граѓани, Штип не заслужува вакво неработење, вакви скндали и расипништво.

Штип не заслужува да биде жртва на партиски шеми, тендери и политичко профитерство.

Локалните избори се шанса за промени во Штип. Шанса да се стави крај на четиригодишното разочарување на ВМРО-ДПМНЕ и да се заврти нов лист.

Штип заслужува развој, проекти и чесна власт која ќе работи за граѓаните и за општината.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата во Скопје го пронајде одземеното девојче од Охрид

ДЕСК

Времето се менува: Синоптичарите излегоа со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Мицкоски тврди дека нивните градоначалници изградиле и реконструирале 770 километри патишта, но и 70 градинки и 274 спортски сали

ДЕСК