24. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Полицијата во Скопје го пронајде одземеното девојче од Охрид

Во Скопје е пронајдена малолетничката за која беше пријавено дека била одземена од Охрид, следува соодветна кривична пријава.

На 22.08.2025 во 16:50 часот во СВР Охрид, Е.А.(45) од Струмица пријавил дека од домот во кој привремено престојуваат во Охрид од пред два дена се оддалечила неговата ќерка Ј.А.(14) од Струмица. Според пријавеното, на 21.08.2025 на социјална мрежа Фејсбук тој добил порака од женско лице од Скопје, кое му кажало дека неговата ќерка е кај неа дома, дека доброволно и сама дошла во нејзиниот дом и дека ќе ја мажела за нејзиниот брат. Исто така, според пријавеното, тој се сомнева дека неговата ќерка сама отишла во Скопје затоа што немала пари кај неа, односно дека била измамена од лицата и на тој начин била однесена во Скопје. По преземени мерки и активности малолетничката била пронајдена во Скопје, а поради сомнение дека го сторила делото, на 22.08.2025 околу 22.30 во полициска станица бил извршен службен разговор со Р.Б.(20) од Скопје.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Времето се менува: Синоптичарите излегоа со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Мицкоски тврди дека нивните градоначалници изградиле и реконструирале 770 километри патишта, но и 70 градинки и 274 спортски сали

ДЕСК

Мицкоски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите во октомври

ДЕСК