„Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ се четири години разочарувања за граѓаните. Четири години кои наместо развој и проекти за граѓаните, донесоа само разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос, поскапи цени за граѓаните и бројни скандали со тендери,“ порача портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција.
Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се претвори во епицентар на тендерски шеми и партиски злоупотреби на народните пари, додаде таа.
„Преку фирми блиски до власта, систематски се испумпуваа пари од граѓаните. Најочигледен доказ за тоа е фактот дека едни исти фирми, и во општините и во државните институции, добиваат милионски тендери и речиси секогаш се јавуваат како единствени понудувачи. Тоа не е конкуренција, тоа е корупција во најчиста форма,“ истакна Кузеска.
„Додека јавните пари се трошат за партиски бизнис шеми, ВМРО-ДПМНЕ ги удри граѓаните по џеб. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ воведе поскапи сметки за вода, канализација, смет и го зголеми данокот на промет,“ потенцираше Кузеска.
Поголеми трошоци за живот има речиси во сите општини под ВМРО-ДПМНЕ: Прилеп, Штип, Охрид, Битола, Ѓорче Петров, Бутел, Неготино, Гевгелија, Велес.
„Наместо да ги олеснат животите на луѓето, тие ја зголемија цената на секојдневието, оставајќи ги граѓаните со повисоки давачки и со посиромашни општини,“ посочија од СДСМ.
Таа нагласи дека најголемиот пример за катастрофална локална власт е токму главниот град.
„И во Скопје 4 години ВМРО-ДПМНЕ е локална власт: нивни партиски луѓе како Перински, Христовски, Велковски, Славевски, управуваа со јавните претпријатија во Скопје, со Советот на Градот, со сите полуги на локалната власт. После 4 години Скопје е симбол на хаос во јавниот превоз, со нечисти улици и смет на секој чекор, со ниту еден нов капитален проект, јавните претпријатија пред распад и тотално нефункционални. Над 150 незаконски дивоградби, криминал тежок над 220 милиони евра, узурпиран јавен простор, загрозена безбедност и уништен урбанистички ред. Тоа е сликата на Скопје со ВМРО-ДПМНЕ,“ порача Кузеска.
Затоа, локалните избори се шанса за клучни промени на локално ниво. Шанса да се стави крај на четиригодишното разочарување на ВМРО-ДПМНЕ, на хаосот, нереализираните ветувања, урбаната мафија и криминалот. Шанса да се вратат општините таму каде што им е местото: во служба на граѓаните, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...