Centar.mk
Панче Тошковски / МВР
-МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со дел од раководството на министерството денеска во Полициското одделение во Ропотово, Општина Долнени прилепско, пушти во употреба нова канцеларија на Управни служби на МВР која ќе ги опслужува жителите во Општина Долнени и околните населени места.

Министерот Тошковски потенцираше дека со овие седми по ред канцеларии за управни служби министерството за внатрешни работи ги доближува се повеќе своите услуги за граѓаните.

„Со оваа канцеларија во Долнени над 15.000 граѓани коишто припаѓаат на Општина Долнени заедно со граѓаните од дијаспората, ќе имаат право и можност сите услуги коишто се поврзани со управните служби како што е вадење на патна исправа, лична карта или возачка дозвола ќе можат да ги остварат во рамки на својата општина, многу поблиску до местото на живеење. Со што имаме двоен ефект, многу поблиска услуга до граѓаните од овој регион а и растеретување на канцеларијата во Прилеп која досега ги опслужуваше овие граѓани. Овие се седми по ред отворени канцеларии на управни служби и доколку има потреба од нови секако ќе реализираме. Ветивме дека ќе овозможиме подостоинствени, побрзи и подостапни услуги за граѓаните и тоа го остваруваме.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски истакна дека досегашните искуства од веќе отворените канцеларии се одлични, граѓаните се исклучително задоволни да можат да ја остварат својата услуга близу до својот дом, без да патуваат подолго и фактот што гужвите со тоа се намалени и услугите ги добиваат достоинствено и ефикасно.

Министерот Тошковски исто така го посети и ОВР Прилеп каде се запозна со фактичката состојба поврзана со безбедноста, условите и предизвиците на прилепската полиција.
„Има подобрување во делот на сообраќајот и вкупниот криминалитет, но и понатаму треба да се работи особено во делот на враќање на довербата на граѓаните во полицијата, којашто во изминатите години била целосно изгубена како резултат на спрегата со определени криминални структури.“, истакна на крај министерот Тошковски.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии работи интензивно на системски пристап во финансиските истраги- Криминалот повеќе нема да биде исплатлив

ДЕСК