Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се формира комисија за стручен надзор со лекари од странство за извршени кардиолошки интервенции во приватни и јавни здравствени установи

Министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес конференција информираше дека веднаш по изјавата на д-р Кедев е формирана интерна комисија во Министерството. Истовремено се работи на формирање комисија за стручен надзор од тројца реномирани доктори од странство од европските земји, која прво ќе изврши надзор во приватните здравствени установи, а потоа и во јавноздравствените установи кои вршат кардиохируршки операции.

Тој потенцираше дека комплетната дигитализација на здравствениот сектор ќе опфати и двонасочна размена на информации меѓу јавните и приватните здравствени установи преку системот МојТермин.

-Во националниот електронски систем МојТермин досега комуникацијата беше еднонасочна, но тоа мора да се смени. За еден месец сите приватни здравствени установи со допис ќе бидат обврзани да ги отворат базите и да го информираат Министерството за сите извршени прегледи и интервенции. Со тоа, ќе се добие јасна слика и за евентуални злоупотреби на системот и на финансиските средства, посочи министерот Алиу.

Според податоците од МојТермин во 2024 година биле извршени вкупно 5.773 кардиолошки интервенции, а во 2025, досега, се извршени вкупно 3.556 интервенции.

Во прилог табеларен приказ на податоци од националниот систем МојТермин за реализирани кардиолошки и хируршки интервенции во приватни и јавни здравствени установи од 2019 до август 2025 година.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК