Centar.mk
фото Општина Гостивар
ЛОКАЛНО

Лимани: Започнуваат инфраструктурни работи на неколку локации

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, во своето последно интервју изјави дека по прекинот на работите поради дијаспората, инфраструктурните работи ќе продолжат во Општина Гостивар.

„Оваа недела, до крајот на неделата, ќе започнеме со два-три инфраструктурни проекти, и тоа на улицата ‘Панче Поповски’. Со реконструкција ќе се започне и на двете улици на ‘Мара Угринова’ кај автобуската станица. На почетокот на септември ќе продолжиме и со булеварот, дел кој го прекинавме поради доаѓањето на дијаспората“, изјави градоначалникот Лимани.

Градоначалникот Лимани исто така нагласи дека ќе се работи и на патот кај гробиштата во селото Чегран и во Горна Бањица.

„Во септември, исто така, ќе започне патот кај гробиштата во селото Чегран, како и неколку улици во селото Горна Бањица кои треба да се реконструираат по реализацијата на фекалната канализација“, изјави Лимани.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски избран за потпретседател на ЗЕЛС: Очекувам конструктивна меѓуопштинска соработка и подобри проекти за граѓаните

ДЕСК

Герасимовски: Централата на училиштето „Киро Глигоров“ веќе носи пониски сметки, во 2026 нови фотоволтаици на покривите на „Гоце Делчев“ и „Коле Неделковски“

ДЕСК

орѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ

ДЕСК