Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани во своето последно интервју, меѓу другото истакна дека булеварот „Браќа Ѓиноски“ ќе се прошири на 4 ленти.
„Во последно време интензивно работевме на постапката за експропријација и една од постапките што веќе ја завршивме е еден објект на булеварот ‘Браќа Ѓиноски’, кој припаѓа на Урбанистичкиот блок 2, со која беше експроприран еден објект и ќе се овозможи овој сегмент од Витамин Ага до мостот на судот да се реализира како булевар со 4 ленти“, изјави градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.
Првиот човек на Општина Гостивар, Валбон Лимани истакна дека постапката за експропријација завршила и за отворањето на улицата од автобуската станица во правец кон населбата „Питарница“.
„Завршивме уште една постапка за експропријација која се наоѓа во Урбанистичкиот блок 8, со која ќе се овозможи отворањето на улицата од автобуската станица во правец кон железницата во населбата ‘Питарница’. Паралелно со овие, имаме уште две-три постапки за експропријација со кои ќе се овозможи да отвориме уште три други улици“, изјави Лимани.
фото Општина Гостивар
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...