Centar.mk
Министерство за европски прашања
-МАКЕДОНИЈА

Прв состанок на Националното координативно тело за Инструментот за реформи и раст

Министерот за европски прашања и национален координатор за Инструментот за реформи и раст, Орхан Муртезани, денеска во Министерството за европски прашања го одржа првиот состанок на Националното координативно тело за Инструментот за реформи и раст. На состанокот, согласно владината одлука, беше официјално конституирано телото и утврден неговиот состав. Во рамките на дискусијата, министрите од надлежните институции разгледаа важни информации и стратегии за натамошна имплементација на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан.

Фокусот на дискусијата беше насочен кон проценката на имплементацијата на преземените реформски мерки, статусот на поднесените барања за ослободување на средства и динамиката на нивната реализација во предвидените рокови. Дополнително, беа разгледани и регионалните иницијативи предвидени со Планот за раст, меѓу кои интеграцијата во европскиот дигитален пазар преку иницијативата „Роаминг како дома“ и воспоставувањето зелени ленти, како дел од пошироките заложби за економска интеграција на регионот во единствениот пазар на Европската Унија.

Со операционализацијата на Националното координативно тело за Инструментот за реформи и раст се обезбедува институционална рамка за систематско следење на реформите, унапредување на меѓуресорската соработка и навремена имплементација на обврските, што претставува суштински чекор во унапредувањето на европската интеграција на Северна Македонија и во користењето на финансиската и техничката поддршка на Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +