Centar.mk
Фото: Министерство за транспорт
-МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ќе ја реконструираме пругата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево

Очекувам за четири години да имаме целосно реконструирана и модернизирана пруга од Скопје до Кичево, истакна во интервју за ТВ АЛФА, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, потенцирајќи дека за овој инфраструктурен проект државата доби грант од Европската Унија со кој наскоро ќе започне изработката на физибилити студии.

-Ние вчера на седница на Влада прифативме грант од 5,3 милиони евра, кој што е доделен од страна на Европската Унија во соработка со Европската банка за обнова и развој и во следните година и половина треба да работат на изработка на физибилити студија, еколошка студија и останатите студии и кога ќе ги имаме овие документи, јасно ќе знаеме колку ќе чини проектот и на кој начин ќе биде реализиран. Јас очекувам по завршувањето на овие студии, градбата да трае некаде од две до две ипол години, што значи дека некаде за 4 години од денес, да имаме комплетно реконструирана пруга од Скопје до Кичево, со убава и модерна сигнализација и електрифицирана, затоа што досега можеа да сообраќаат само дизел возови, истакна вицепремиерот Александар Николоски.

Можеби ќе ве интересира

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК

Филипче: Без консензус нема укинување на техничката влада

ДЕСК