19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

СВР Струмица расчисти повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“, „разбојништво“, лишени од слобода четири осомничени лица

По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Струмица во изминатиот период расчистија повеќе кривични дела од областа на имотните деликти. Имено, во Валандово и Струмица од слобода беа лишени М.К.(26) и Ф.К.(18), двајцата од Струмица. Тие се сомничат дека со уште две лица во периодот од 07.07.2025 до 06.08.2025 на подрачјата на Струмица, Валандово и Гевгелија извршиле 26 кривични дела, од кои едно „разбојништво“, една „тешка кражба“, шест кривични дела „одземање моторно возило“ и 18 „кражби“.

На подрачјето на Радовиш, од слобода беше лишен А.А(26) од Радовиш, кој се сомничи дека во февруари и јули 2025 година во Радовиш и радовишкото село Раклиш извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“.
Исто така, во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.А.(19) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во претходниот период во Струмица извршил пет кривични дела „тешка кражба“ во обид и едно кривично дело „кражба“.

Лицата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинтиел и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка на пат на Плачковица – има повредени

ДЕСК

Битиќи: Концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, симбол на криминал и коруптивни зделки, падна на арбитража. Државата ја доби битката, нема да плати штета од 115 милиони евра

ДЕСК

Се апсеше на повеќе локации низ Скопје

ДЕСК