19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Се потврдува скандалот со милионскиот тендер за испитниот центар во Битола, кој во МВР ќе одговара?

Соопштение на СДСМ:

Се потврдува скандалот во МВР каде на крајно сомнителен и коруптивен начин се додели милионски тендер за возачки испити на фирма зад којашто стои советнк на ВМРО-ДПМНЕ.

МВР, под раководство на Панче Тошковски, пред само три месеци додели лиценца за организирање на возачки испити во Пелагонискиот регион на новооснованата фирма „Супер возач“.

Зад оваа фирма стои функционер на ВМРО-ДПМНЕ и советник во советот на Општина Кичево, Филип Митрески, преку фирмата „Стрит рајд“ којашто е сопственик.

СДСМ реагираше за овој скандал, побара реакции од Државната комисија за спречување корупција, од Основото обвнителство и од сите надлежни институции.

Иако фирмата била регистрирана само 3 месеци пред распишување на тендерот по прв пат, МВР додели монопол од 5 години врз доходовен бизнис вреден милиони денари – сите полагања на возачки испити во Битола, Прилеп и Ресен да одат преку фирма блиска до власта.

И што се случи?

Додека се чека реакција од надлежна институција скандалот се потврди и се продлабочи.

Истата институција, МВР на Панче Тошковски, која процени дека „Супер возач“ ги исполнува условите за работа, деновиве го затвори центарот поради тоа што немал соодветна документација, стручен кадар, немал возила и не водел ни уредна евиденција.

Со други зборови, очогледно се потврдува дека лиценца добила фирма која од самиот почеток не ги исполнувала условите.

Возачите сега од целиот регион 30 дена не можат да полагаат возачки испити.

Прашањето е кој во МВР ќе одговара? Ќе понесе ли Панче Тошковски одговорност?

Можеби ќе ве интересира

Страотна сообраќајка на патот Охрид – Кичево, автомобил здробен при судир со камион, има тешко повредени

ДЕСК

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА БЛИЗУ РЕСЕН: Двајца загинаа, има повредени – МВР соопшти целосна информација

ДЕСК

Среде бел ден во Скопје ограбена филијала за брзи кредити, непознато лице ги собрало парите

ДЕСК