Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Претреси и апсења во Зајас

На 18.08.2025 околу 23:10 часот во с.Зајас, кичевско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево ги лишиле од слобода лице(81) и лице(50), двајцата од с.Зајас. Постапувајќи по претходна пријава дека Ш.З. се заканувал на неговата сопруга, со нивна согласност, полициските службеници влегле во нивниот дом и извршиле претрес.

Притоа, кај 50 годишниот маж биле пронајдени куршуми и пластичен пиштол, додека кај другото лице биле пронајдени и одземени пиштол и 38 куршуми различен калибар.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +