Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лидерите на ЕУ денес ќе одржат видео-конференција за разговорите во Вашингтон

Лидерите на Европската унија денес ќе одржат видео-конференција за да ги разгледаат резултатите од разговорите во Вашингтон. Средбата е закажана за 13 часот, потврди претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.

На видео-конференцијата ќе учествуваат сите членови на Европскиот совет, највисокото политичко тело на ЕУ, и ќе се фокусира на координирање на следните чекори по разговорите во Вашингтон.

Пред состанокот, Коста ја нагласи важноста на соработката со Соединетите Американски Држави на социјалната мрежа Икс.

„Заедно со Соединетите Американски Држави, ЕУ ќе продолжи да работи кон траен мир што ги штити виталните безбедносни интереси на Украина и Европа“, напиша Коста./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Исчезна авион во Индонезија

C +

Минхенската безбедносна конференција ги поништи поканите за Иран поради репресијата врз демонстрантите

C +

Првпат во Франција поднесен предлог за излез од НАТО

C +