19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-БИЗНИС

Државата ќе дели од 250 илјади за едно, 500.000 за две или до 750 илјади денари за вработување на три невработени лица

Министерството за економија и труд преку Агенцијата за вработување го објави јавниот повик за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“, која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година.

Со оваа мерка, се овозможува вклучување на 200 невработени лица – активни баратели на работа, кои ќе бидат вработени во микро, мали и средни претпријатија што ќе инвестираат во зелени технологии, производи и процеси.

Финансиската поддршка се доделува во вид на неповратни грантови од 250.000 до 750.000 денари, зависно од бројот на новоотворени работни места:

-250.000 денари за едно ново вработување,
-500.000 денари за две нови вработувања,
-750.000 денари за три нови вработувања.

Преку оваа поддршка, компаниите ќе можат да финансираат набавка на нова опрема и машини, софтвер и лиценци, опрема за обновливи извори на енергија, како и материјали за енергетска ефикасност.

Право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија од приватниот сектор кои ги исполнуваат условите предвидени во јавниот повик, со приоритет за компании од секторите: преработувачка индустрија, земјоделство, шумарство и водостопанство, снабдување со вода и управување со отпад, градежништво и транспорт.

Можеби ќе ве интересира

Страотна сообраќајка на патот Охрид – Кичево, автомобил здробен при судир со камион, има тешко повредени

ДЕСК

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА БЛИЗУ РЕСЕН: Двајца загинаа, има повредени – МВР соопшти целосна информација

ДЕСК

Среде бел ден во Скопје ограбена филијала за брзи кредити, непознато лице ги собрало парите

ДЕСК