Centar.mk
ЛОКАЛНО

Жичницата има валиден сертификат за работа до 24.09.2025 година, а во моментов се спроведувааат сервисни работи – велат од ЈСП

– По многуте пишувања и шпекулации во медиумите, должни сме да не дозволиме да се створи паника околу безбедноста на жичницата. Жичницата има валиден сертификат за работа до 24.09.2025 година. Во моментов се спроведуваат сервисни работи за замена на делови кои се дел од предвидениот годишен сервис, велат од ЈСП.

Исто така денес е направен вонреден детален технички инспекциски надзор од Министерството за транспорт и врски во кој исто така не беа констатирани технички недостатоци, односно беше констатирано дека жичницата е во исправна и функционална состојба.

Ве известуваме дека безбедноста е по сите пропишани стандарди и по завршување на тековниот сервис кој се врши месецов се гледаме, на падините на Водно и граѓаните повторно ќе го почувствуваат бенефитот од функционирањето на жичницата, соопшти ЈСП.

Можеби ќе ве интересира

Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел

ДЕСК

Валбон Лимани го промовираше почетокот на работите на две улици

ДЕСК

Герасимовски: Центар ја слави поезијата и музиката, поетска вечер со македонски автори на 18 март

C +