18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДУИ
-МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Членовите го напуштаат ВРЕДИ, Албанците се откажуваат од лагите на Меџити

Соопштение на ДУИ:

Секој нов ден е нов пораз за ВРЕДИ. Членови, активисти и цели структури си заминуваат, оставајќи зад себе вештачка, празна и дискредитирана коалиција. Само во текот на овие денови, членови и структури од три општини јавно се оградија од оваа групација. Ова е јасен доказ дека Албанците не можат да се водат со лаги и дека политиката изградена врз лични интереси секогаш завршува со пораз.

Меџити и неговиот тесен круг ја претворија партијата, без оформени структури, во приватен бизнис – без идеја и без визија. Тие што вчера веруваа дека ВРЕДИ носи промени, денес ја гледаат вистинската слика на алчноста, поделбите и трговијата со албанските интереси.

Албанците знаат да ја казнат политиката што ги потценува. ВРЕДИ е пропаднат политички експеримент на Мицкоски и граѓаните тоа го препознаа. Меџити се обидува да ја прикрие катастрофата со напади и празни изјави преку просрпската пропаганда на неговиот пријател Стоилковиќ, кој самиот призна дека во две-три ситуации го спасил од јавен срам. Сепак, Албанците повеќе не го слушаат и ја знаат вистината.

Додека ВРЕДИ се распаѓа пред очите на јавноста, Националната алијанса за интеграција стои цврсто и ги обединува Албанците. Тоа е вистинската политичка сила што расте секој ден и што ќе го води албанскиот народ напред – обединет и достоинствен.

Октомври се ближи. Се ближи и часот на политичка и правна одговорност! Народот на референдум ќе им ја изрече казната!

Можеби ќе ве интересира

Приведена жителка на кичевско село – возела повеќе од двојно

ДЕСК

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

ДЕСК

Фрчат казни – Вчера 596 санкционирани возачи за возење со брзина поголема од дозволената

ДЕСК