Centar.mk
ЛОКАЛНО

Асфалтиран локален пат во н.м Бучинци, општина Илинден

Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта извршено е асфалтирање на локален пат во населеното место Бучинци.
Во таа насока се изведоа градежни активности со кои се опфати целосна реконструкција на локалниот пат во населеното место Бучинци, кој води до локалните гробишта, во должина од 520 метри.

Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, асфалтирањето на овој локален пат е реализација на едно од барањата на граѓаните од населено место Бучинци.

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, а со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Важна вест за скопјани: Посебен режим на сообраќај во недела

ДЕСК

Бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите во општина Центар

C +