Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Левица оваа недела ќе го обзнани кандидатот за градоначалник на Скопје

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи најави дека партијата во текот на оваа недела ќе го соопшти кандидатот за градоначалник на Град Скопје:

„Скопјани, а бе не ви е доста од истите хоштаплерски и нехаризматични сурати од двете најголеми партии, кои сакаат да се докопаат до градската власт, за да после им шибаат бизнисите и тендерите!?

Не мислите дека е дојдено времето за свежа крв во главниот град на местото од овие рециклирани транзициски ликови кои се слуги на урбаната мафија?

Затоа Левица оваа недела ќе го обзнани нашиот кандидат, а ваш сограѓанин, за градоначалник на Скопје.” – напиша тој објавувајќи слика со натпис „Скопје знае за кого”.

Претходно, во гостување на ТВ 24, Апасиев потврди дека Левица ќе настапи со свој кандидат за градоначалник на главниот град којшто ќе биде од редовите на партијата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +