Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Трамп не им кажал на сојузниците во Европа какви отстапки би можел да направи Путин

По средбата во Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со европските лидери, но не прецизираше какви отстапки би можел да понуди Путин, објавува „Си-би-ес њуз“.

Медиумот наведува дека меѓу руските барања се територијата во Донецк која сè уште не е целосно под контрола на руските сили, заштитата на рускиот јазик и барањата поврзани со Руската православна црква.

Според истиот извор, меѓу европските дипломати расте загриженоста дека Трамп може да се обиде да го принуди Володимир Зеленски да се согласи на такви услови за време на состанокот во Белата куќа во понеделник.

Исто така, постојат отворени прашања дали Путин се откажал од барањето за демилитаризација на Украина и каква ќе биде судбината на санкциите против Русија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Соборениот американски Ф-15 над Иран бил распореден од Велика Британија – неизвесна судбината на пилотот

C +

Иран тврди дека соборил американски авион

C +

Хакерски напад врз ЕУ: Украдени податоци од десетици институции објавени на dark web

C +