Centar.mk
-

Судир меѓу два автомобили кај Сиричино, има повредени

Како што соопшти полицијата вчера во 08:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Сиричино- с.Желино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф” со тетовски регистарски таблици, управувано од лице од с. Желино и патничко моторно возило „фолксваген фокс” со тетовски регистарски таблици, управувано од лице (65) од с.Озурмиште.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „голф“ лице(66) од с. Желино, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК