Centar.mk
СВЕТ

Силен земјотрес ја погоди Индонезија, десетици повредени

Десетици луѓе беа повредени во земјотрес со магнитуда од 6,0 степени што го погоди централниот Сулавеси во Индонезија рано утрово.

Земјотресот, на длабочина од 10 километри, го погоди регионот Посо и беше почувствуван во блиските области. Дваесет и девет лица беа повредени, од кои две критично, според соопштението за медиумите.

Засега нема извештаи за смртни случаи.

Индонезија се наоѓа на таканаречениот „Тихоокеански огнен прстен“, високо сеизмички активна зона, каде што се среќаваат различни плочи на Земјината кора и создаваат голем број земјотреси./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Енергетската состојба во Украина останува критична по руските напади

C +

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

C +

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

C +