Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

Како што најавуваат синоптичарите, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Синоптичарите велат дека наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, додека пак од вторник ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

Прогноза за 19.08.2025
Минимална температура: 9°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 34°C

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 20.08.2025
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 29°C до 35°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Прогноза за 21.08.2025
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 30°C до 37°C

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК