Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

„Њујорк тајмс“: Трамп го поддржува планот за предвање на Донбас во замена за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, поддржува план за завршување на војната, според кој Украина би отстапила дел од својата територија на Русија, вклучувајќи ги и областите што не се под руска окупација, пишува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на двајца високи европски функционери.

Според весникот, по средбата со Владимир Путин, Трамп им рекол на европските лидери дека верува оти мирот може брзо да се постигне доколку Зеленски се согласи да го предаде остатокот од Донбас на Русија, вклучувајќи ги и оние области што руските сили не ги окупирале. Во замена, тврди „Њујорк Тајмс“, Путин би се согласил на прекин на огнот по сегашните борбени линии и би дал писмено ветување дека нема да ја нападне Украина или другите европски земји.

Донбас вклучува два источноукраински региони: Донецк и Луганск. Од почетокот на војната, Русите го окупираа речиси целиот Луганск и околу 70% од Донецк, додека 30% сè уште го држат Украинците.

Трамп ќе го разговара планот со Володимир Зеленски во понеделник во Белата куќа, а на состанокот се поканети и европски лидери./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК